Три фестивали ќе организира Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово по повод празникот 11 Октомври.
Како што информираше денеска на прес конференција, директорот на фондацијата Марио Арангеловски, на 11ти и 12ти ќе се одржат фестивалите „Куманиум“, „Гираријада“ и „Арт Атак“.
Сепак одбележувањето на празникот првин ќе започне со положување свежо цвеќе на Спомен Костурница на 11ти со почеток од 10:00 часот.
Во исто време на Градскиот плоштад ќе се случи изложба на олдтајмери, а во градскиот парк Соколана од 12 часот ќе се одржи фестивалот „Куманиум“.
– Станува збор за фестивал кој започна пред 5 години по повод 500 години Куманово, на иницијатива на здружението Активум, но подоцна фондацијата го презеде и успешно го реализа втора година по ред како детски фестивал со жонлгери и маскоти, некако соодветни за најмладата популација, изјави Арангеловски.
Вечерта од 20 часот на спортското игралиште во Соколана ќе се одржи Гитаријада.
– Ќе ја отвори нашиот сограѓанин соло гитаристот Санди, за веднаш потоа да настапат „Паркети“ како еден рок панк бенд и на крајот да го затвор „Леб и Сол“ кои долгов време немаат настапувано во нашиот град. Ќе се одржи во спортскиот комплекс Соколана, но со оглед дека самиот објект се реконструира ќе сеодржи на спортското игралиште, појасни директорот.
На 12ти октомври ќе се одржи Арт Атак фестивалот, кој ќе содржи стенд ап комедија и проекција на македонски филм.
– Утредента на истото место од 18 часот ќе се одржи Арт Атак фестивал со стенд ап и проекција на македонски филм. Стенд апот ќе го отвори фестивалот и ќе трае до 19 часот, настап на Бојан Велевски и потоа кино на отворено со проекција на македонскиот филм „Авек Ламур“, појасни Арангеловски.
Во случај на неповолни временски услови настаните ќе бидат преместени во Занаетчискиот дом.
Никола Ивановски