Три драгоцени совети: Како повторно да ја пронајдете љубовта?

Сподели со своите пријатели

Многумина од нас во љубовните односи имаат мислење дека љубовта е бојно поле, дека е дозволено да се војува со партнерот, и дека во љубовта и војната сите средства се дозволени, дека љуботва треба да се освојува, брани, но и дека по раскинувањето некогаш саканата личност станува наш непријател.

Loading...

Многумина се сложуваат со оваа начело, без оглед на полот, годините, местото на живеење. Овие луѓе, од кои поголемиот дел имаат многу добри работи кои можат да им ги понудат на партнерот, по прекинување на долга врска или брак стануваат целосно недостапни за промени, како и за нов партнер. Можноста да се запознаат со некој нов, предизвикува во нив старо чувство на ранливост, кое би го избегнале по секоја цена.

Зошто тие лица се вознемирени, или дури и цинични кога пробуваат нешто со новиот партнер и развиваат нова врска?

Причината е тоа што самата суштина на нивната самодоверба е разнишана понекогаш дури и од болка, разочарување, незадоволство по раскинувањето на врската или бракот. Овие луѓе чезнеат за она што здравата љубов може да им го понуди, но не знаат како тоа да го добијат и тогаш се лишуваат себе си од љубовта.

Кога закрепнувате од претходната неуспешна врска или дури низа врски, кога повторно би сакале да тргнете напред, имајте на ум дека не постои таква работа како што е лажната надеж. Постои само еден вид нажед, а тоа е сфаќањето дека вие сте и натаму тој кој ја контролира судбината на вашата врска.

За да се осигурате дека ќе најдете соодветен парнтер за вашиот следен интимен однос, имајте ги на ум следните три работи:

1. Запознајте ја сопствената вредност

Да, потребно е да се запознаете себе си и својата вредност. Познавањето на вашите вредности е вашиот штит против било кој кој ве третира на начин кој е неадекватен, и каков не сте заслужиле. Навистина мора да се засакате себе си пред да засакате било кој друг. Запрашајте се колку и дали се сакате и цените себе си? Оваа сопствена интроспекција ќе ви помогне да најдете адекватен партнер, затоа што нема да ги спуштите критериумите и да изберете некого кој ве прифаќа и цени во целина.

Loading...

2. Она што го гледате кај партнерот е она што го добивате

Да, луѓето можат да не изненадат на подобро и тоа го прават понекогаш. Но, кога подобро ќе го запознаете партнерот сфаќате дека тој/таа претежно е таков/таква како што е. Имајќи го на ум овој важен реален факт, очекувајќи ека некој ќе се промени за вас не е фер кон нив, он вас или воопшто кон вашиот однос.

Не правете грешка неправедно очекувајќи некого кога го сакате, да биде тој/таа кој/а вие сакате да биде.

3. Наставете со учењето и сопствениот развој

На луѓето четсо им се даваат совети да го променат она што го научиле од минатите односи или врски. Вредностите и добрите страни кои треба да ги барате и цените кај потенцијалните партнери се доверба, почитување и добра комуникација. Тоа се големи работи на кои треба да тежнеете во секој интимен однос. Но, исто така не смееме да се лажеме. Интимните односи се комплицирани, затоа што како поединци сме комплексни бидејќи носиме минати искуства и емоционален товар во новите односи.

Image by adamkontor from Pixabay

Leave a Reply