За неколку недели дојде до важна промена на американската политичка сцена.
Претседателот Џо Бајден се откажа од својата повторна кандидатура, а неговата многу помлада потпретседателка Камала Харис влегува во трката за демократите и собира поени против републиканскиот предизвикувач, поранешниот претседател Доналд Трамп.
Во редовното месечно истражување на јавното мислење „Германски тренд“ (Deutschlandtrend), кое беше спроведено меѓу 5 и 7 август од агенцијата Infratest-Dimap, 77 отсто од испитаниците рекле дека сметаат дека Камала Харис е погодна да ја преземе претседателската функција во изборите во САД, додека само десет отсто мислат така за Трамп.
Уште во јули, кога се предвидуваше дека актуелниот американски претседател Џо Бајден ќе учествува на изборите, 28 отсто беа убедени дека следните четири години под Бајден ќе бидат добри. Во тоа време, 59 отсто сметаа дека ниту Трамп ниту Бајден не се соодветни.
Повеќето веруваат дека израелската влада претерано реагира
На Блискиот Исток постои закана од ескалација, ширење на актуелната војна во Газа до конфликтот меѓу Иран и Израел.
Причината е убиството на лидерот на исламистичката терористичка група Хамас Исмаил Ханије за време на неговата посета на Иран.
Многу набљудувачи веруваат дека Израел е одговорен за ова.
Јасно мнозинство од испитаниците веруваат дека израелската влада претера со своите акции по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври минатата година: 57 отсто од испитаниците се согласуваат со оваа изјава, што е за седум отсто повеќе отколку во јули. Воената политика на Израел ја сметаат за соодветна само 21 отсто.
Големо мнозинство, исто така, се спротивставува на воената поддршка на Израел во случај да биде нападнат од Иран.
Само 19 отсто од испитаниците ја поддржуваат ваквата акција, додека 68 отсто се против.
Во пресрет на покраинските избори
Во земјата, десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) доби сила. На 1 септември ќе се одржат избори за нови покраински парламенти во сојузните покраини Саксонија и Тирингија, додека во Бранденбург изборите ќе се одржат на 22 септември. Во тие провинции, АфД има меѓу 24 и 31 отсто во анкетите.
Дали таа делумно екстремно десничарска партија треба да учествува во владата по изборите?
Во источните германски покраини, односно каде што се одржуваат изборите во септември, 33 отсто од анкетираните сметаат дека тоа е точно, додека во цела Германија така мислат 25 отсто од анкетираните.
Во источните германски покраини, 60 отсто од испитаниците сметаат дека учеството на АфД во владата не би било правилно.
Голем број граѓани се незадоволни од власта
Германската федерална влада сè уште е лошо рангирана меѓу анкетираните. Коалицијата на СПД, Зелените и ФДП се уште се расправа за буџетот, луѓето се нервозни поради бавниот напредок во дигитализацијата, поларизацијата во општеството и инфлацијата.
Тоа јасно се гледа во истражувањето, односно во прашањето која партија би ја избрале граѓаните „да се одржат изборите сега“.
Мнозинството од испитаниците би гласале за демохристијаните – 32 отсто. АфД е на второ место со 16 отсто, СПД на трето со 15. Следни се Зелените со 12, Алијансата Сара Вагенкнехт (БСВ) со 9 отсто и ФДП со пет отсто. „Другите“ би го имале гласот на 11 отсто од анкетираните.
И кога се поставува прашањето за задоволство од работата на Владата, 42 отсто се малку задоволни, а 37 отсто не се воопшто. Само 20 отсто од испитаниците сметаат дека владата е добра или многу добра.
Значи, на нешто повеќе од 13 месеци пред следните избори за Бундестагот, би требало многу да се случат за т.н. коалицијата семафор повторно го освои мнозинството.