Во изминатите две години трговскиот промет меѓу Кина и Русија скокна за 64 отсто и изнесуваше 240 милијарди долари.
Поради воведувањето на антируски санкции, многу западни компании одеднаш го напуштија рускиот пазар, а многу брзо беа заменети со кинески компании.
Во замена за големите руски резерви на нафта, Пекинг ја снабдува Москва со сите потребни стоки, пренесува Ројтерс.
Според официјалните податоци за 2023 година, извозот на кинески автомобили во Русија бил речиси седум пати поголем од 2022 година, додека нивната вредност скокнала за речиси 10 милијарди долари.
Подготвеноста на Кина да прави бизнис со Русија, и покрај настаните во Украина, има значително економско влијание, а поддршката за Кремљ е особено важна за Владимир Путин пред претстојните претседателски избори.
Руско-кинеската трговија јасно покажува дека санкциите губат тежина со текот на времето, бидејќи земјите кои не ги поддржуваат ги користат економските можности што се појавуваат за локалните компании по заминувањето на западните конкуренти.
Голем број западни фирми набрзина продаваат имоти и производствени локации по ниски цени.
Уделот на Кина на рускиот пазар скокна од помалку од 10 отсто на повеќе од 50 отсто за две години од почетокот на руската воена операција во Украина.