Туристи кои тргнале во хеликоптерско разгледување на западниот дел на Исланд, биле шокирани кога виделе купишта огромни мртви животни насукани во песок, јавува ВВС.
Никому не му е јасно како китовите доспеале таму, со оглед дека тој регион е прилично отсечен и недостапен.
Насукувањето на китовите долго ги збунуваше научниците, а сега е откриена главната причина
Алармирана е полицијата во блиското гратче Стикисхолмур, пишуваат локалните медиуми.
Пилотот на туристичкиот хеликоптер, кој прв направил фотографии од мртвите животни и ги споделил на социјалните мрежи, Дејвид Шварцханс изјавил за ВВС дека летале над плажата кога ги забележале.
Над 150 китови се насукаа на брегот на Австралија
– Најпрвин не бевме сигурни дали се во прашање китови, фоки или делфини. Дури кога се спуштивме видовме дека тоа се китови и избројавме 50, а сигурно има повеќе мртви, рекол пилотот.
Тој додал цека целиот предел ужасно смрдел, како и дека самата глетка била трагична.
фото: Youtube printscreeen