Тргнале да ограбат банка па ја викале полицијата на помош

Сподели со своите пријатели

Припадниците на спасувачката служба во четвртокот вечерта околу 20 часот од урнатиот тунел извлекле повреден маж и го пренеле во болница, додека полицијата привела тројца негови соучесници во грабежот.

Loading...

Се претпоставува дека повикот за помош го испратил еден од разбојниците.

Членовите на бандата, двајца Римјани и двајца Наполитанци, го искористиле долгиот викенд среде Ферагосто, кога повеќето италијански бизниси се затворени, за да упаднат во банка и во околните бизниси.

Но, нивниот план тргнал во непосакувана насока бидејќи лошо го ископале тунелот до банката, кој се урнал, па биле принудени да повикаат полиција на помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нацистички кутии пронајдени во подрум на аргентински суд: Откриено е што има во нив!

„Помогнете, ве молам, дојдете да ме ослободите“, е повикот на човек до спасувачката служба откако се урна тунелот што го ископал заедно со колегите.

Припадниците на спасувачката служба, вклучително и експерти обучени за помош по земјотресот, мораа да ископаат втор, паралелен тунел за да помогнат.

Медиумите јавуваат дека за време на процесот на спасување на заробениот му биле дадени течности и кислород кои го одржувале во живот.