Тргна Дедо Мразот кого традиционално го следи американската војска

Сподели со своите пријатели

Божиќното патување на Дедо Мраз за да подели подароци започна денеска од Нов Зелад, Папуа Нова Гвинеја, Јапонија, Кина, под внимателен надзор на американската војска, која традиционално со децении го следи секој 24ти декември.

Loading...

Точно во 12 часот по централноевропско време кога воената Команда задолжена за воздушна безбедност на САД и Канада (Норад) забележала на своите радари знаци на „активност на Северниот пол“.

Движењето на Дедо Мраз во реално време се пренесува преку веб сајтот www.noradsanta.org и Твитер профилот @NoradSanta.

Побрз од Ф-15 авионите на американското воено воздухопловство Дедо Мраз веќе поделил повеќе од милијарда и пол подароци во Океанија и Азија.

Тоа следење кое е овозможено според Норад, преку инфрацрвените рецептори во носот на РУдолг, еден од деветте ирваси кои ги влечат санките, е инстутиција во САД.

Се започнало во 1955 година во огласот на ланецот стоковни куќи Сирс кои дале во локалниот весник повик децата да му се јават на Дедо Мраз преку телефон.

Бројот кој наводно бил директен број на познатиот дедо, всушност бил број на црвениот телефон на Норад. Дежурниот офицер првин бил збунет кога преку телефон слушнал момчиња кои го прашуваат дали е Дедо Мраз, а потоа полковникот Хери Шуп ја прифатил иградата.

Тој дал упатства на своите луѓе да даваат информации за тоа каде е Дедо Мраз, и дури и самиот повикал локално радио да објави дека видел чуден предмет на небото.

Loading...

Околу 1.500 доброволци, на кои минатата година им се придружил претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија, денеска им помагаат на војниците да одговорат на детските телефонски повици и мејлови.

Дури ни овогодинешната делумна болката на американската сојузна администрација која би требало да ја погоди и војската, не ја спречила оваа традиција.

Leave a Reply