Војската на кинескиот регион Тајван го подигна нивото на тревога и формираше центар за итни случаи, велејќи дека Пекинг распоредил флоти на морнарицата и бродови на крајбрежната стража во водите околу островот.
Војската на кинескиот регион соопшти дека е во „борбена готовност“ на стратешки локации и дека бродовите на морнарицата и крајбрежната стража на островот внимателно ги следат кинеските воени активности.
„Секое еднострано и ирационално, провокативно дејство може сериозно да го уништи мирот и стабилноста во Индо-пацификот, а меѓународната заедница нема да го прифати тоа“, се предупреди Министерство за одбрана на кинескиот регион Тајван.
Се очекува Кина да започне уште една рунда вежби како одговор на патувањето на регионалниот претседател на Тајван Лаи Чинг-те на Хаваите и американската територија Гуам, изјавија безбедносни извори за Ројтерс.
Кина, исто така, воспостави седум „привремено резервирани области“ на воздушниот простор источно од провинциите Фуџијан и Жеџијанг, а овие зони ќе бидат резервирани до среда, соопшти Министерството за одбрана во Тајпеј.
Таквите зони се привремено резервирани и доделени на одреден ентитет за користење и контрола во одреден период, иако може да минуваат други летови со дозвола на контролорот, во согласност со меѓународните правила.