Белоруските воздушно-одбранбени сили соборија неидентификуван дрон што го нарушил воздушниот простор на Белорусија, објави денес ТАСС.
Авионот се урна во близина на Минск, а според извештаите од Министерството за одбрана, немало жртви.
Инцидентот се случил утрово во 2:33 часот по московско време, кога дежурните сили го откриле летот на беспилотно летало.
Министерството за одбрана на Белорусија објави дека ја зајакнува контролата врз воздушниот простор на земјата, истакнувајќи дека истрагата за овој инцидент е во тек.
Исто така, беше потврдено дека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ја следи ситуацијата.
Техничката припадност на дронот не беше прецизирана, а агенцијата приложи фотографија од остатоците од леталото во извештајот.