„Венецијанска кралица со дворјани“ е насловена максата на средношколците од кумановските училишта со кои освоија трето место на карневалот во Струмица.
Во конкуренција на 30 до 50 учесници кумановци беа избрани за третата награда од страна на стручното жири. Маската е составена од принцеза со круна и 40 дворјани со големи капи во црни костуми и знатни маски кои имаат и своја кореографија.
Loading...
Денеска учениците со своите ментори беа на свечен прием кај градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, кој заедно со локалната самоуправа е покровител на учеството на средношколците.
Денеска имам чест да ги примам учесниците на струмичкиот карнавал традиционално Куманово како град пријател на Струмица неколку години наназад бидејќи и тие на нашиот карневал кој е од полокални, ова е карнавал кој влезе во конгресот на светските карневали на некој начин е културна атракција за Македонија, така што ние како град средните училишита заедно настапија на овој фестивал. Од мое име благодарност до учесниците на маскенбалот, подржувачите а пред се професорките и директорите кои овозможија вонучилшна активност на некој начин да го претставуваат Куманово. Мене ми е гордост што вие како ентузијасти успеавте да се натпреварувате во групните маски и да освоите трето место.
Дел од маската беа ученици од „Гоце Делчев“, „Наце Буѓони“, „Перо Наков„ и „Киро Бурназ„.
Маската ја изработуваме околу еден месец но постоеше една добра соработка, се заблагодарувам на сите ученици, професори што учествуваа во изработката и навистина се надевам дека успеавме со тоа што добивме и трета награда. Се натпреварувавме во категорија од 30 до 50 учесници, конкуренцијата беше голема но сепак ние се доближивме според нивните критериуми и го освоивме третото место. Голема благодарност до општина Куманово кои ни дадоа голема поддршка за да ја изработиме оваа маска. Се надевам дека соработката ќе продолжи и во наредните години – изјави Марија Тодоровска професор по музичка уметност од гимназијата „Гоце Делчев“.
Учениците веќе неколку години учествуваат на оваа манифестација, а активно размислуваат и за маската со која сакаат да се претстават следната година.
Многу сум радосна и задоволна што освоивме трето место бидејќи конечно нашиот труд се исплатеше што се трудевме многу околу маските. Имавме поддршка од публиката имаше многу луѓе кои го посетија карнавалот. Имавме малку трема но се помина добро. Оваа година освоивме трето место ќе се потрудиме следната година за нешто подобро – Мирјана Милановска ученик „Гоце Делчев“.
Учам четири години во гимназија но оваа година се одлучив да одам и да видам ново искуство, итнересно беше имавме многу трема, но се помина добро, во Куманвоо не бевме толку добри на пробите како што изигравме на настапот на плоштадот во Струмица, не очекувавме трето место но се случи и тоа. Беше потешко малку бидејќи секој чоевк нема ист ритам на секоја песна но со повеќе труд се беше добро на крај – изјави Никола Петровски, матурант во кумановската гимназија.
До сега кумановските средни училишта од струмица имаат две благодарници, а ова е прва награда од стручното жири.