ТРЕТИОТ МИЛЕНИУМ: Ламбурџини го претстави автомобилот на иднината (видео)
On:
Сподели со своите пријатели
„Terzo Millennio“ (Третиот Милениум) е името на новиот бренд во автомобилскиот дизајни, а италјинаскиот произведувач Лабруџини го претстави на Технолошкиот институт на државата Масачусетс (МИТ).
Развојот на овој мотор на иднината е направен во соработка со универзитетот, а „Terzo Millennio“ потсетува на вселенско летало.
Абтомобилот ќе поседува единица за електрично напојување, каде секое тркало ќе го активира електричен мотор. Гориво ќе овозможи т.н. модерен суперкапацитатор.
Шефот на дизајнерскиот тим на компанијта, Митја Боркерт го претстави својот модел при собирот на високотехнолошката елита, на годишната ЕмТек конфереција на МИТ.
– За нас е многу возбуливо да спиме идеја на Ламбурџини, како иновативен бренд и млади умови од студентите, а тоа не мотивираше. Мислам дека својата цел за оваа година ја исполнивме, многу луѓе го видоа автомобилот и сите беа многу возбудени, а меѓу нив многу млади луѓе, што беше и нашата почетна мисија, рекол Боркет.
https://www.instagram.com/p/BbM_U2wBcNk/
Една од единствените техники кај овој модел е „самоисцелителната“ каросерија направена од јаглеродни влакна, пренсува VOA.
Оваа технологија ви дозволува да ја следите штетата на каросеријата и да направите ситем за поправка користејќи нанотехнологија. Оштетеувањата и пукнатините завтоматски се исполнуваат со специјалем материјал кој ја зацврстува површината и ги отстранува недостатоците.
Прототипот на Ламбурџини претставува неколку револуционерни откритија. Во дизајот на единицата за напојување, суперкапацитаторите и блоковите за собирање електрична енергија се користат како гориво за автомобили. Новиот модел на суперавтомобили активираат четири мотори, а дизајниранис е така што со акумулаторот заедно ја чуваат енергијата под хаубата.
– Бо прашање е автомобил кој со сигурност не можеме да очекуваме утре. Тоа е модел кој го псотавивме себе си како цел за иднината и го сакаме како инспирација за младите генерации. Го сакам обој суперавтомобил, навел Боркерт.
„Terzo Millennio“ нема да биде достапен неколку години, но новата технологија и иновативните решенија постепено ќе бидат претставени во новите модели на Ламбурџини.