Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Сподели со своите пријатели

Речиси една третина од сите бенефиции за невработеност во Германија одат за исплата на странци, се вели во извештајот на германското Министерство за труд, поднесен на барање на партијата на Сара Вагенкнехт.

Loading...

Во овој извештај се претставени економските трошоци на германската држава, која одвојува се повеќе пари за бегалците и мигрантите.

Во текот на 2021 година Германија од буџетот издвои 5,9 милијарди евра за поддршка, главно за бегалците и мигрантите.

Две години подоцна, во 2023 година, оваа сума беше двојно зголемена, поточно изнесуваше 12,2 милијарди евра.

Тоа е повеќе од четвртина од вкупните трошоци на германската држава за социјално ранливите невработени граѓани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Според прогнозите на германското Министерство за труд, годинава средствата наменети за мигрантите ќе се зголемат на 13,7 милијарди евра, што ќе изнесува речиси 30 отсто од вкупните трошоци, пренесува Билд.

Основната помош собрана од даноците на германските граѓани во 2023 година најчесто ја добивале граѓаните на Украина (5,8 милијарди евра), Сирија (3,5 милијарди евра) и Авганистан (1,3 милијарди евра).

Освен нив, социјални надоместоци се исплаќаат и за оние кои во Германија пристигнале од Ирак, Иран, Еритреја, Сомалија, Нигерија и Пакистан.

Loading...

Учеството на трошоците за бегалци и мигранти во вкупните трошоци за социјални бенефиции нагло се зголеми од 16,6 отсто во 2021 година на 29,2 отсто во 2024 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија: Остануваме на одлуката да не испорачаме ракети со долг дострел на Украина

Главната причина за овој ненадеен скок е вооружениот конфликт во Украина, кој доведе до доаѓање на повеќе од три милиони бегалци, главно жени со мали деца, во Германија.