Новото истражување на милениумците во САД покажа дека една третина од испитаниците се идентификуваат како дел од ЛГБТК популацијата.
Бројот на луѓе кои се препознаваат себеси како нехетеросексуалци полека се зголемува со текот на годините благодарение на видливоста на ЛГБТК популацијата, промените во законот и прифаќањето.
Но, еден христијански универзитет во Аризона сакаше да види колку луѓето се задоволни од нивната сексуалност или родово изразување.

Тие анкетирале 600 луѓе на возраст меѓу 18 и 37 години со надеж дека тоа ќе им даде увид во тоа како овие два аспекта на идентитетот се следат во модерното време.
Откриле дека 30 отсто од милениумците сега се категоризираат како геј, бисексуалци, трансродови… Повеќето од овие милениумци (39 отсто) се на возраст меѓу 18 и 24 години.
„Милениумците ја редефинираат сопствената сексуалност и перцепција и реакција на родовиот идентитет и изборот на сексуалната ориентација на другите“, заклучува истражувањето.
Сепак, оваа возрасна група најмногу признала дека се оптоварени со стрес, депресија, анксиозност и чувство на загуба.

Три четвртини од анкетираните изјавиле дека сè уште се обидуваат да ја пронајдат својата цел во животот, што не е изненадувачки со оглед на тоа што голем дел од нив сѐ уште се на факултет и се соочуваат со криза околу „што е следно во животот“.
Директорот за истражување во Центарот за културни истражувања во Аризона, Џорџ Барна, објасни како овие податоци се клучни за разбирање на младите луѓе.
„Наместо да ги осудуваме за низа воочени несоодветности, можеби ќе можеме да ги поддржиме со перспектива, решенија, ресурси и охрабрување“, забележува тој.

