Тренерот на Порто, Серхио Консеисао, остро го критикуваше менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, за неговото однесување за време на натпреварот помеѓу двата тима од Лигата на шампионите.
Loading...
Двата тима се соочија на „Етихад“ во натпревар од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите, а домаќините победија со 3:1.
– Имам многу да учам од Гвардиола, особено кога станува збор за притисок врз судиите, разговор со противничките играчи. Тој е едноставно фантастичен пример. Има многу што да научиме од него во тој поглед. Јас сум ангел за споредба. Неговото однесување беше крајно непријатно, рече Консеисао, цитиран од Goal.com.
Влатче Зорба