Педесетгоидшник од Куманово, тренер на фудбалски клуб, пријавил дека вчера бил физички нападнат на натпревар.
– На 22.03.2026 во 16:15 часот во СВР Куманово Т.Р.(50) од Куманово, тренер на фудбалски клуб од Куманово, пријави дека на стадион во Куманово, додека траел фудбалски натпревар бил физички нападнат од С.Т.(37) и неговиот малолетен син, кој е играч во фудбалскиот клуб, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

