Тренер на клуб од Скопје пријавил дека бил нападнат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Тренер на кошаркарски клуб од Скопје вчеравечер пријавил дека бил физички нападнат по завршувањето на натпревар во Куманово.

– На 02.03.2026 во 21:42 часот во СВР Куманово, Г.А.(46) од Скопје, во својство на тренер на кошаркарски клуб од Скопје, пријави дека по завршување на натпревар во спортска сала на Средно општинско училиште во Куманово бил физички нападнат од Б.С.(66) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку вчеравечер во слата се играше натпреварот меѓу МКК Куманово и Водно Санс во М20 конкуренцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на дел од горивата

Никола Ивановски