Тренчевска: Нашата цел е да создадеме зелена, чиста и енергетски ефикасна општина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Нашата цел е јасна: да создадеме зелена, чиста и енергетски ефикасна општина, во која секој човек ќе живее достоинствено и здраво. Да ја подигнеме еколошката свест и заедно да го направиме Куманово пример за одржлив град,“ рече Тамара Тренчевска, кандидат за советник на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово.

Таа нагласи дека животната средина е заедничка одговорност на сите и дека обврската за нејзино зачувување е должност кон идните генерации.

„Денес зборуваме за нешто што нè обединува сите, животната средина, нашиот заеднички дом. Воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и просторот во кој живееме – тоа е нашата заедничка одговорност. А, за Куманово таа одговорност значи обврска кон идните генерации,“ истакна Тренчевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лабудовиќ: Центар и центарци знаат што е вистинска вредност (ВИДЕО)

 

 

Во рамки на програмата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, таа посочи дека се предвидени бројни конкретни мерки и решенија за подобрување на квалитетот на животната средина, меѓу кои поставување соларни панели на јавни објекти, енергетски ефикасни фасади, систем за селекција и преработка на отпад, видеонадзор на јавни површини и дигитална контрола на бучава во угостителските објекти.

Програмата, како што додаде, опфаќа и ширење на секундарната гасоводна мрежа, намалување на цената за приклучок на гас, зголемување на буџетот за одржување на хигиената, како и засилени инспекциски контроли и почеста чистота на улиците и речните корита.

Предвидена е и замена на старите контејнери со полуподземни системи, поставување дополнителни корпи за отпадоци, како и кампањи за подигање на јавната свест и поголема еколошка едукација кај учениците од најрана возраст.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

„Ова не се само ветувања, ова е обврска кон секој жител на Куманово. Нашата заложба е животната средина да биде приоритет во секојдневното работење на Општината. Со овие проекти ќе ја подобриме хигиената, ќе го намалиме загадувањето и ќе ја зајакнеме свеста дека екологијата е стил на живеење, а не обврска,“ нагласи Тренчевска.

Никола Ивановски