Требале да лежат во затвор, приведени на Табановце

Сподели со своите пријатели

Две лица во текот на изминатиот викенд биле приведени на Граничниот премин Табановце, откако службите откриле дека тие се бараат поради издржување затворски казни.

Loading...

Во првиот случај при пасошка контрола околу 09:30 часотбило констатирано дека Г.Д.(60) од Скопје се наоѓа на СТОП листата за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик.

Нешто околу 14.00 часот на истиот граничен премин при контрола било констатирано дека лицето Ш.М.(36) од селото Сарај, скопско, се наоѓа на СТОП листата за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик.

Двајцата биле лишени од слобода и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply