Запревме осум војни и наскоро може да ја запреме деветтата – заклучи Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека не му е гајле за Нобеловата награда и дека сè е „контролирано од Норвешка“.
Тој исто така рече како спасил десетици милиони животи и запрел осум војни.
– Не ми е гајле за Нобеловата награда. Прво, многу добра жена мисли дека ја заслужувам и сакала да ја добијам Нобеловата награда и јас го почитувам тоа – рече тој, додавајќи дека постои комитет за Нобеловата награда, но дека е контролиран од Норвешка.
– Не ми е гајле што вели Норвешка… Навистина не ми е гајле. Она што ме интересира е спасувањето животи, а мислам дека спасив десетици милиони животи – рече Трамп, објаснувајќи како ги завршил војните, од кои некои траеле и по 30 години, а ја спомена и војната меѓу двете нуклеарни сили Индија и Пакистан.
– Запревме осум војни и наскоро може да ја запреме деветтата – заклучи Трамп.
Марија Корина Мачадо, лидерката на венецуелската опозиција, се сретна со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа и му ја врачи Нобеловата награда за мир.
Мачадо, жесток критичар на поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, ја освои наградата за 2025 година за нејзината кампања за поголема демократија.
Белата куќа неодамна објави фотографија на која Мачадо и Трамп држат голем медал со златна рамка со посвета:
„Доставен како личен знак на благодарност во име на венецуелскиот народ, како признание за принципиелната и решителна акција на претседателот за обезбедување слободна Венецуела“.

