Трамп забрани служење војска на трансродови лица

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп донесе забрана според која поголемиот дел од трансродовите лица не можат да служат војска, совен во „одредени околности“, но не е наведено кои.

Белата куќа соопшти дека припадниците на трупите на кои би можел да им биде потребен дополнителен медицински третман „претставуваат значителен ризик по воената ефикасност“, пренесува АП.

Трамп преку Твитер го изненади водството на Пентагон кога минатата година најави дека ќе го измени планот од времето на Барак Обама на декларираните трансродови лица да им се дозволи да служат војска.

Потегот на американскиот претседател го оспорија повеќе правни инстанци, а четири федерални судови донесоа пресуда против таквата забрана.

Обвинителот на Калифорнија рече дека државата ќе продолжи со правната борба против оваа забрана која ја сметаат за дискриминирачка.

Leave a Reply