Трамп за малку ќе паднеше по скалите. Претходно му се потсмеваше на Бајден за тоа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп (78) речиси падна на скалите синоќа кога влезе во претседателскиот авион Ер Форс Уан.

Loading...

Видеото брзо стана хит на социјалните мрежи, а многумина истакнаа како Трамп често му се потсмеваше на поранешниот претседател Џо Бајден кога тој падна на скалите од истиот авион.

Најпознатиот случај се случи откако Џо Бајден се сопна неколку пати во март 2021 година додека се качуваше по скалите на претседателскиот авион Ер Форс Уан.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 56 лица уапсени во Лос Анџелес за учество во протести против рациите врз мигранти

Во деновите што следеа, Трамп го коментираше инцидентот со потсмевлив тон на политичките митинзи и интервјуа, честопати користејќи го за да ја доведе во прашање физичката подготвеност и менталното здравје на Бајден, пишува Индекс.

На еден митинг, Трамп дури и го имитираше Бајден како паѓа, што предизвика смеа кај публиката.

Loading...

Во таа пригода рече: „Не паднав кога се качував по скалите. И тоа со кожни чевли!“

Додаде дека „светот гледаше“ и дека „претседателот на САД не смее да изгледа како слабак“.