Трамп за Иран и Израел: Постои голема веројатност дека ќе има договор

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ги повика Израел и Иран да најдат договор, дури и ако можеби прво ќе мора да се борат.

Loading...

„Иран и Израел треба да најдат договор и ќе најдат договор“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social пред неговото патување во Канада за самитот на Г7.

Трамп ги даде овие забелешки додека Израел и Иран ги продолжуваат нападите четврта ноќ по ред.

„Мислам дека е време да се постигне договор и ќе видиме што ќе се случи. Понекогаш тие мора да се борат, но ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека постои голема веројатност дека ќе има договор“, додаде американскиот претседател.