Претседателот на САД, Доналд Трамп, одобри закон за воведување 500 проценти царини за секој што купува руска нафта.
Руските медиуми јавуваат дека во законот се споменува и гасот.
Овој закон го предложи американскиот сенатор од Јужна Каролина, Линдзи Греам.
„По многу продуктивниот состанок денес со претседателот Трамп за различни прашања, тој даде зелено светло за двопартискиот закон за санкции кон Русија на кој работев со месеци со сенаторот Блументал и многу други“, рече Греам во соопштение објавено во среда навечер.
– Ова ќе биде навремено, бидејќи Украина прави отстапки за мир, а Путин само зборува, продолжувајќи да убива невини. Овој закон ќе му овозможи на претседателот Трамп да ги казни оние земји што купуваат евтина руска нафта што ја напојува воената машина на Путин, рече Греам.
– Овој закон би му дал на претседателот Трамп голема моќ против земји како Кина, Индија и Бразил да ги принуди да престанат да купуваат евтина руска нафта, која го финансира крвопролевањето на Путин против Украина. Се радувам на силната поддршка од двете партии за време на гласањето, се надевам на почетокот на следната недела – рече тој во објава на мрежите.
Руската државна агенција ТАСС пишува дека во предлог-законот, Американците споменуваат нафта, но и гас.

