Трамп ветил дека никогаш нема да ѝ помогне на Европа ако биде нападната

Сподели со своите пријатели

Еден од највисоките европски функционери тврди дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп приватно предупредил дека Америка нема да ѝ помогне на Европската унија доколку биде нападната.

Loading...

„Морате да разберете дека ако Европа биде нападната, ние никогаш нема да ви помогнеме и поддржиме“, наводно ѝ рекол Трамп на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Светскиот економски форум 2020 година во Давос.

Францускиот еврокомесар Тиери Бретон, кој исто така беше присутен на средбата, рече дека Трамп додал: „Инаку, НАТО е мртов, а ние ќе си одиме, ќе го напуштиме НАТО“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пентагон двојно го зголеми бројот на медиумски организации кои мора да ги напуштат канцелариите

Според „Политико“, Бретон рекол дека на истата средба Трамп рекол и дека Германците должат 400 милијарди долари, бидејќи не го платиле тоа што требало да го „платат за одбрана“.

Можноста за враќање на Доналд Трамп на власт сериозно ја вознемирува ЕУ, која исто така ја чекаат избори оваа година.

„Тоа беше голем повик за будење и тој можеби ќе се врати“, рече Бретон за Трамп.

„Значи, сега повеќе од кога било знаеме дека сме оставени сами на себе. Ние сме членка на НАТО, речиси сите, секако дека имаме сојузници, но немаме друга опција освен драстично да го зголемиме овој столб за да бидеме подготвени за што и да се случи“, додаде Бретон, кој повикува на зајакнување на одбраната на ЕУ од почетокот на конфликтот во Украина, а во вторникот презентираше фонд од 100 милијарди евра за зголемување на производството на оружје во блокот, пренесува РТ Балкан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп претстави нов план за Газа: „Не ни треба никој таму“