Трамп вети дека ќе ги повлече САД од војната во Украина ако победи на изборите

Сподели со своите пријатели

САД ќе испратат на Украина неодреден број касетни бомби со среден дострел, како и проектили, артилерија и оклопни возила како дел од пакетот воена помош во вкупна вредност од речиси 375 милиони долари, соопштија американските власти, пренесува Бета, цитирана од АП.

Loading...

Веста доаѓа кога републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп објави дека САД ќе се повлечат од војната во Украина доколку победи на изборите во ноември.

Официјалните лица додадоа дека очекуваат објава за новиот пакет со помош на Украина во среда, додека светските лидери се состануваат на Генералното собрание на ОН, а следниот ден украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне со неговиот американски колега Џо Бајден и Американскиот потпретседател Камал Харис во Вашингтон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Обединетите нации замижуваат пред упадот на Украина во Курск

Новиот пакет помош вклучува бомби воздух-земја со касетна муниција што може да се пука од украински воени авиони, како и муниција за HIMARS, Javelin и други противоклопни системи, возила отпорни на мини и друга воена опрема.

Обезбеден преку претседателско овластување, новиот пакет оружје е еден од најголемите одобрени и доаѓа од залихите на Пентагон за да се забрза испораката на оружје во Украина.

Вклучувајќи го овој најнов пакет, САД обезбедија повеќе од 56,2 милијарди долари воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Трамп вели дека САД треба да се повлечат од војната во Украина

Трамп во вторникот рече дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседател Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блинкен: Потребни се меѓународни напори против воената соработка на Русија со Северна Кореја и Иран

„Бајден и Камала не вовлекоа во војната во Украина и сега не можат да не извлечат. Не можат да не извлечат“, рече Трамп во својот говор во државата Џорџија.

Loading...

САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна помош вредна милијарди долари.

„Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе го завршам тоа. Ќе преговарам и ќе излеземе. Мораме да излеземе. Бајден вели „нема да заминеме додека не победиме“, рече Трамп.