Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе им го одземе привремениот заштитен статус на мигрантите од Хаити во Спрингфилд, Охајо и ќе ги депортира во нивната татковина доколку победи на изборите во ноември.
„Тоа нема никаква врска со Хаити или ништо. Мора да ги отстраните луѓето и да ги вратите во нивната сопствена земја. Спрингфилд е толку прекрасно место. Дали видовте што се случи со него? Беше прегазено. Не можете да им го направите тоа на луѓето, јас би имал заштитен статус и би ги испратил (мигрантите) назад во нивната земја“, рече Трамп во интервју за News Nation.
Тој изјави дека 32.000 мигранти од Хаити биле преместени во заедница од 52.000 жители. Трамп додаде дека верува оти Хаити ќе ги прифати мигрантите назад под негово водство.
Претходно, републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека мигрантите од Хаити, наводно, киднапирале и јаделе домашни миленици во Спрингфилд, а оваа теза подоцна ја повтори Трамп за време на изборната дебата.
Властите на Хаити ги нарекоа дискриминаторски ваквите изјави против мигрантите од нивната земја. И американскиот претседател Џозеф Бајден ги осуди зборовите на Венс и Трамп.