Трамп убедливо победи во Ајова

Сподели со своите пријатели

Официјалната трка за Белата куќа започна на 15 јануари, со внатрепартиски избори во Републиканската партија, познати како пратенички групи во Ајова, на кои републиканските гласачи го избраа кандидатот на партијата за да му се спротивстават на демократскиот претседателски кандидат.

Loading...

Доналд Трамп, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, убедливо го доби првото внатрепартиско гласање за кандидатот на Републиканската партија, пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Флорида Рон Десантис го зазеде второто место, а поранешната амбасадорка на ОН Ники Хејли беше трета, пред милионерот Вивек Рамасвами.

Повеќе од 60 отсто од гласачите излегоа на гласање, а Трамп, и покрај четирите обвиненија со кои моментално се соочува, освои 50,9 отсто од гласовите во Ајова, Десантис 21,4 отсто и Хејли 19 отсто, додека Рамасвами освои околу 8 отсто гласови, пренесува Ројтерс врз основа на излезните анкети.

„Ви благодарам Ајова, ве сакам сите!!!“, напиша Трамп на социјалните мрежи.