Трамп: Светот ја краде нашата филмска индустрија, тоа е закана за безбедноста

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека планира да воведе 100-процентни царини на сите филмови произведени надвор од Соединетите Американски Држави и увезени на американскиот пазар.

Loading...

„Филмската индустрија во Америка многу брзо умира. Други земји нудат секакви стимулации за да ги привлечат нашите филмски работници и студија надвор од Соединетите Американски Држави. Холивуд и многу други делови од САД се уништени. Ова е организиран напад од други земји и затоа претставува закана за националната безбедност. Покрај сè друго, станува збор и за пораки и пропаганда!“

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Бискуп бара од Трамп да се извини што се прикажа како папа

Затоа ги овластувам Министерството за трговија и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД веднаш да го започнат процесот на воведување 100-процентни царини за сите филмови што влегуваат во нашата земја, а се продуцирани во странство.