Трамп со нови закани до Иран: Следни се мостовите, па електраните…

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток сигнализираше дека понатамошните напади врз критичната инфраструктура во Иран би можеле да бидат неизбежни, јавува Анадолу.

„Нашата војска, најголемата и најмоќната (убедливо!) насекаде во светот, дури и не почнала да го уништува она што останало од Иран. Следни се мостовите, па електраните! Раководството на новиот режим знае што мора да се направи и мора да се направи брзо“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social.

Неговите забелешки дојдоа еден ден по обраќањето до нацијата за операцијата „Епски бес“, која започна на 28 февруари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп повторно го исмеваше Стармер и британските „расипани носачи на авиони“ (ВИДЕО)

„Ќе ги удриме исклучително силно во следните две до три недели. Ќе ги вратиме во камено доба, каде што им е местото“, рече тој.