Трамп: Ситуацијата во Украина е одлична, освен што многу луѓе умираат таму…

Сподели со своите пријатели

По новите прашања за тоа дали Вашингтон ќе остане вклучен во дипломатските напори, Трамп рече дека целта на неговата администрација е јасна – да се запре крвопролевањето.

– Ние само сакаме убивањето да престане… Имаме одлична ситуација таму, освен еден проблем. Многу луѓе умираат и сакам да престане – рече Трамп.

Тој тврди дека најголемиот број жртви се војници од двете страни на конфликтот.

– Минатиот месец загинаа 27.000 војници. Претежно војници. Исто така, неколку луѓе поради паѓање на ракета во центарот на Киев или каде било, што е ужасна работа, но претежно војници – додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина подготвува нов предлог за мировен план, Зеленски: „Не даваме територија“

Тој се осврна и на улогата на НАТО во снабдувањето на Украина со оружје.

Според него, американската администрација продава воена опрема на членовите на Алијансата „по полна цена“, по што тие најчесто ја проследуваат до Киев.

– Претпоставувам дека можат да ја дадат на други, но најчесто ја даваат на Украина. И тие работат со Украина на дистрибуција на опрема, ракети итн. – изјави тој.

Трамп нагласи дека САД, како што вели тој, повеќе не го носат финансискиот товар во ваквите операции.

– Но, ние не трошиме пари. Она што го правиме е да инвестираме време од хумани причини. Сакаме да видиме дали можеме да го спречиме убивањето – вели тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија го зголемува притисокот на источниот фронт во Украина