Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повтори дека е „сосема јасно“ оти Уставот на САД не му дозволува да се кандидира за трет претседателски мандат и посочи дека „срамота е што е така“, но оти „ќе види што ќе се случи“.
„Врз основа на она што го прочитав, претпоставувам дека не ми е дозволено да се кандидирам, па ќе видиме што ќе се случи“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс 1“ на пат за Јужна Кореја, каде што присуствува на регионален самит, според Си-Ен-Ен.
Трамп изјави дека е на највисоко ниво во анкетите и дека е срамота што не смее повторно да се кандидира.
Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон ја отфрли можноста за трет мандат на Трамп, нагласувајќи дека каква било промена на Уставот ќе биде можна само откако Трамп ќе ја напушти функцијата.
Трамп и претходно зборуваше за трет мандат, а во Овалната соба се изложени капи со неговото име за 2028 година.
Шпекулациите дополнително беа поттикнати од интервјуто со Стив Банон, поранешен советник и МАГА („Make America Great Again“), кој тврдеше дека „постои план“ за трет мандат, што некои претставници на Белата куќа го гледаа како обид на Банон да привлече внимание.
Инаку, 22-от амандман на американскиот Устав, усвоен во 1947 година, предвидува дека никој не може да биде избран повеќе од два пати на функцијата претседател.
Една од претпоставките беше дека Трамп (79) би можел да се кандидира за потпретседател за три години, додека сегашниот потпретседател Џеј-Ди Венс би можел да биде негов потпретседател, но Трамп во понеделникот ја отфрли таа можност.

