Трамп се заканува со нови санкции против Русија ако нема прекин на огнот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе нов пакет економски санкции против Русија ако претседателот Владимир Путин не се согласи на прекин на огнот во Украина.

Loading...

„Сакаме да заврши. Имаме економски санкции. Зборувам за економски бидејќи нема да влеземе во светска војна“, рече Трамп, нагласувајќи дека какви било мерки би имале сериозни последици за Москва.

Тој не прецизираше конкретен рок во кој би можеле да се активираат санкциите, но истакна дека „нема да има светска војна, туку ќе има економска војна – и тоа ќе биде лошо за Русија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија го бомбардираше Херсон, има загинати

Трамп додаде дека сè уште има простор за посредништво во постигнувањето договор и прекинувањето на вооружениот конфликт, но повторно посочи на, како што рече, одговорноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски за времетраењето на војната.

„Она што мислев дека ќе биде најлесно, се покажа како најтешко. Сепак, верувам дека можам да помогнам да се заврши овој конфликт“, нагласи Трамп.

Се потсетува дека тој веќе повеќе пати најави санкции против Русија поради Украина, поставувајќи одредени рокови кои подоцна ги продолжи.