Американскиот претседател Доналд Трамп е сè уште „подготвен“ да отпатува во Турција на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролката на Белата куќа, Керолин Ливит.
Loading...
Американскиот претседател „веќе рече дека е подготвен да замине ако дојде до тоа, но сака овие двајца лидери и двете страни да седнат на преговарачка маса“, изјави таа за новинарите.
Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно предложи таков самит по средбата на руската и украинската делегација во Истанбул.