Американскиот претседател Доналд Трамп, кој некогаш беше ѕвезда во реално шоу, се пошегува со ниската гледаност на церемонијата на доделување на наградите „Оскар“ велејќи дека причина за тоа е „што повеќе нема ѕвезди, освен него“.
„Најниската гледаност на ‘Оскарите’ во историјата. Проблем е што немаме повеќе ѕвезди, освен вашиот претседател (само се шегувам се разбира)“, напиша Трамп во вторникот на „Твитер“.
Во неделата е одржана 90. церемонија на доделување на наградите на американската Академија на филмски уметности, која ја следеле 26,5 милиони луѓе, што претставува рекордно ниска гледаност.
Ова е првпат доделувањето на „Оскарите“ да го следат помалку од 30 милиони луѓе, соопштија од компанијата „Нилсен“, која од 1974 година се занимава со истражување на гледаноста на ТВ-програмата.
Минатата година церемонијата ја следеле 33 милиони луѓе, односно 20% гледачи повеќе.
Доделувањето на „Оскарите3 често е најгледана телевизиска програма по Суперболот, наведува АП, и додава дека оваа година тоа не е случај поради тоа што церемонијата на отворањето на Зимската олимпијада од Јужна Кореја ја следеле 27,8 милиони луѓе.
Loading...
Извор: Репортер