Трамп се фалеше кои војни успеал да ги спречи, па рече: „Србија се подготвуваше да тргне“

Loading...
Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Хаг, каде што се одржува самитот на НАТО, одговараше на прашања од новинари, а еден новинар го праша како не успеал да ја запре војната во Украина откако рече дека ќе ја заврши за 24 часа кога ќе дојде на власт.

– Сега сте на функција пет месеци и пет дена. Зошто не успеавте да ја запрете војната во Украина? – го праша новинар од Австрија.

– Затоа што е многу потешко отколку што луѓето можат да замислат. Путин е потежок, имав и некои проблеми со Зеленски, можеби сте прочитале за нив… Таа војна е потешка од другите војни. Тукушто завршивме војна за 12 дена, таа војна тлееше 30 години. Ги завршивме Руанда и Конго, тие доаѓаат да ги потпишат документите, ние веќе ги потпишавме основните документи. Мислам дека доаѓаат во Белата куќа во петок. Завршивме… Србија беше пред започнување… Но, можеби најважно од сè, Индија и Пакистан. Немаше прашање дали еден ден можеби ќе имаат нуклеарно оружје, како во случајот со Блискиот Исток, Израел и Иран. Тие имаат нуклеарно оружје – рече Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЦИА за нуклеарната програма на Иран: „Имаме докази, лажевте“

Иако не прецизираше кого планира да нападне Србија, веројатно мислеше на конфликтот меѓу Србија и Косово што трае со години.

Од друга страна, Трамп вчера разговараше и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Имав долг и значаен состанок со претседателот Трамп. Ги опфативме сите навистина важни прашања. Му благодарам на господине претседателе, им благодарам на Соединетите Држави. Разговаравме како да постигнеме прекин на огнот и вистински мир. Разговаравме за тоа како да го заштитиме нашиот народ – објави Зеленски на X.

Двајцата лидери рекоа дека 50-минутната средба е позитивен чекор во војната, која сега е во четвртата година.

Трамп рече дека ќе размисли за снабдување на Украина со повеќе ракети „Патриот“, на кои Киев се потпира за одбрана од зголемените руски напади, по состанокот со својот украински колега.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп повика на откажување на судењето на Нетанјаху за корупција

За време на прес-конференцијата, Трамп рече дека оружјето е „многу тешко да се добие“, но дека „ќе видиме дали можеме да ставиме дел од него на располагање“.