Трамп разговараше по телефон со Путин: Почнаа подготовките за средба со Зеленски

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека веќе започнале подготовките за средбата меѓу рускиот и украинскиот претседател – Владимир Путин и Володимир Зеленски.

Loading...

Белата куќа на својот официјален профил на Твитер го објави моментот од Овалната соба кога Доналд Трамп разговарал по телефон со Владимир Путин, а темата била Украина.

„На крајот од состаноците, го повикав претседателот Путин и започнав подготовки за средба, на локација што ќе се утврди подоцна, меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски“, рече Трамп, објави Klix.ba.

Трамп додаде дека потпретседателот на САД Џ. Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе ги координираат аранжманите меѓу Украина и Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  30 земји работат на безбедносни гаранции за Украина, вели шефот на НАТО

„Потоа ќе следи трилатерален состанок со мене“, објави Трамп.

Повикот се случи на денот кога Зеленски и седум европски лидери пристигнаа во Вашингтон за да работат заедно на наоѓање на најдоброто решение за конечен мир во Украина.

Трамп ги нарече состаноците многу добри, додека Зеленски рече дека имал најдобра средба досега со својот американски колега.

Освен Зеленски, со Трамп разговараа и францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџија Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александар Стаб, британскиот премиер Кир Стармер, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Loading...