Трамп: Профитот од нафтата од Венецуела ќе се дели со американските компании

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека профитот од продажбата на нафта од Венецуела ќе се дели со американските нафтени компании.

Трамп им рекол на раководителите на американските нафтени компании дека треба да почнат да инвестираат за да го добијат својот дел, пренесува АП.

„Треба да ги натераме да инвестираат, по што треба да им ги вратиме парите што е можно поскоро, а потоа можеме да ја направиме распределбата помеѓу Венецуела, САД и нив. Мислам дека формулата е едноставна“, рече Трамп.

Тој не објасни како ќе се распределат парите, за кои рече дека ќе преговараат со нафтените компании секретарите за внатрешни работи и енергетика, Даг Бургум и Крис Рајт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп ја отфрли идејата за операција за „фаќање“ на Путин како Мадуро