Трамп продолжува да шокира: Покажа среден прст при посета на фабриката на Форд (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, му покажа среден прст на лицето кое, за време на посетата на фабриката за камиони Форд во Дирборн, во државата Мичиген, го нарече „заштитник на педофилите“, објавија американските медиуми.

Во видео објавено од TMZ, Трамп може да се види како гестикулира кон лице надвор од кадарот, кажува неколку зборови, а потоа го крева средниот прст, објавува NBC.

Посетата на фабриката му претходеше на неговиот говор за американската економија во Детроит.

Директорот за комуникации на Белата куќа, Стивен Чеунг, рече дека „лудо лице било во беснеење и извикувало вулгарности“ и дека американскиот претседател дал „соодветен и недвосмислен одговор“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НАТО има план за Гренланд што би можел да спречи конфликт меѓу САД и Данска

Портпаролот на Форд, Дејвид Товар, изјави дека компанијата не толерира несоодветно однесување во своите објекти и има процедури за такви ситуации, но не се занимава со специфични кадровски прашања.