Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека повеќе од 9.000 Американци безбедно се вратиле дома од Блискиот Исток и дека американските граѓани во таа област треба да пријават во Стејт департментот доколку сакаат да се вратат дома.
Како што напиша Трамп на својата мрежа, Стејт департментот ќе ја идентификува нивната локација и ќе им понуди опции за патување, а тие веќе имаат обезбедени бесплатни чартер летови и очекуваат зголемен број на достапни комерцијални опции.
Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа изјави дека американскиот Стејт департмент активно работи на помош на Американците кои сакаат да го напуштат Блискиот Исток, пренесува Танјуг.
„Идентификувавме и продолжуваме да идентификуваме чартер летови, воени опции за летови и проширени опции за комерцијални летови, што значи дека работиме со авиокомпании за да испратиме поголеми авиони со повеќе седишта“, им рече Рубио на новинарите на Капитол Хил, според Си-Ен-Ен.
Според него, во неколку случаи авиони биле на пат кон регионот пред да се затвори воздушниот простор и тие морале да се вратат назад.
Рубио рече дека повеќе од 1.500 Американци побарале помош од Стејт департментот да го напуштат Блискиот Исток.
„Знаеме дека ќе можеме да им помогнеме. Ќе биде потребно извесно време, бидејќи не го контролираме воздушниот простор“, рече тој.

