Поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои учествуваа во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, сакајќи да го спречат Конгресот да ја потврди победата на Џозеф Бајден на претседателските избори во 2020 година, денеска ќе почнат да излегуваат од затвор.
Откако новопоставениот претседател издаде наредба за помилување на 1.500 поддржувачи.
Трамп ја издаде наредбата за помилување во понеделникот, објави Ројтерс.
Реагирајќи на одлуката, лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, рече дека Трамп воведува златно доба за луѓето кои го кршат законот и се обидуваат да ја соборат владата.
Наредбата за помилување беше една од големиот број извршни наредби што Трамп ги потпиша веднаш по преземањето на функцијата во понеделникот, пренесува Танјуг.