Трамп подготви изненадување за дебатата со Бајден: „Избрав потпретседател“

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека го избрал својот потпретседател и посочи дека тој ќе се појави со него на првата претседателска дебата во четврток, кога ќе се соочи со актуелниот претседател Џозеф Бајден.

Loading...

Во интервју за NBC News за време на неговиот престој во Филаделфија, на прашањето дали одлучил кој заедно со него ќе се кандидира за потпретседател на САД, Трамп рече дека „тоа му е во главата“.

Трамп нагласи дека засега никој не знае кого избрал за потпретседател.

Извори запознаени со процесот на селекција изјавија за NBC News дека главен кандидат за потпретседател на Доналд Трамп на претседателските избори во ноември е гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум и сенаторот од Охајо Џеј Ди Венс.

Трамп минатиот месец рече дека има „добри шанси“ да го именува својот потпретседател на Националната конвенција на Републиканците, што ќе се одржи од 15 до 18 јули во Милвоки.

Гувернерот на американската држава Северна Дакота, Даг Бургум, кој важи за еден од главните кандидати за потпретседател на Доналд Трамп на претседателските избори во ноември, изјави дека не е важно кој ќе биде кандидат за потпретседател, бидејќи победата зависи само од Трамп.

Бургум, пред дебатата меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, закажана за четврток, рече дека Бајден може да покаже зголемени способности за време на дебатата и дека тоа го направил пред четири години, објави Си-Ен-Ен.