Трамп: Па, да бев крал, ќе можев да направам многу повеќе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откако во еден момент објави дека ќе се кандидира за трет мандат иако тоа е нелегално во САД, Доналд Трамп за време на велигденскиот ручек во Белата куќа рече дека може да направи многу повеќе ако е крал.

Тој се осврна на библиската приказна за влегувањето на Исус во Ерусалим, а потоа направи паралела со себе.

– На Цветници, Исус влезе во Ерусалим додека луѓето го поздравуваа како крал. Сега ме нарекуваат крал, можете ли да верувате во тоа? Јас не сум крал. Јас сум таков крал што не можам да добијам одобрение за балската сала. Прилично неверојатно, нели? Јас сум кралот. Да бев крал, можев да направам повеќе од тоа. Работам многу, но можев да работам многу повеќе ако бев крал – рече Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен советник на Трамп: Сопрете го Израел и само тогаш војната може да заврши