Трамп одобрил план за напад врз Иран, но не издаде „конечна наредба“

Loading...
Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп им соопштил на високите функционери дека одобрил планови за напад врз Иран, но дека сè уште не дал конечна наредба за нивно спроведување.

„Трамп чека да види дали Иран ќе се откаже од својата нуклеарна програма“, објавува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на анонимни луѓе запознаени со ова прашање, пренесува „Анадолија“.

„ВСЈ“ објавува дека Трамп сето ова им го соопштил на своите советници во вторник вечерта.

Истиот извор известува дека објектот за збогатување ураниум во Техеран, Фордоу, закопан длабоко под планината, е потенцијална цел, но дека нападот врз него би барал најмоќното оружје во американскиот арсенал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран за нападот врз израелската болница: Целта беше воена база

Порано во среда, Трамп им рече на новинарите дека сè уште не одлучил дали да ја овласти војската да се придружи на тековната кампања на Израел против Иран.

„Ни јас не сакам да се борам. Не барам да се борам. Но, ако е избор помеѓу борба и тие да имаат нуклеарно оружје, мора да го направите она што мора да го направите, и можеби нема да мора да се бориме“, рече тој во Овалната соба.

„Имам идеи што да правам. Сакам да донесам конечна одлука секунда пред да дојде време“, додаде тој.

Трамп рече дека следната недела ќе биде многу важна додека ја разгледува својата одлука, велејќи дека може да потрае помалку време.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел нападна област во близина на нуклеарен реактор

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, претходно го отфрли барањето на Трамп неговата влада безусловно да се предаде и предупреди дека секое директно вклучување на САД во конфликтот ќе има непоправливи последици.

„Ционистичкиот ентитет (Израел) направи тешка грешка и ќе се соочи со последиците“, рече Хамнеи во телевизиски говор.

Тој рече дека Иран нема да го прости нарушувањето на воздушниот простор на земјата или крвта на неговите маченици.

Регионалните тензии ескалираа од петокот, кога Израел започна воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.

Израелските власти соопштија дека оттогаш во иранските ракетни напади загинале најмалку 24 лица, а стотици се повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина повикува на итен прекин на огнот: „Ова особено се однесува на Израел“

Во Иран, според извештаите на иранските медиуми, 585 лица биле убиени во израелски напади, а повеќе од 1.300 биле ранети.

Трамп потврди дека му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да продолжи со нападите, но додаде дека не му дал на Израел никакви индикации дека ќе им помогне на тие напори повеќе отколку што веќе го сторил тоа, пишува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на „Анадолу“ и „Ал џезира“.