Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува кинескиот претседател Си Џинпинг да ги посети САД, без да даде временска рамка кога тоа би можело да се случи.
Трамп им рече на новинарите на Ер Форс 1 дека е „можно“ САД и Кина да постигнат нов трговски договор, објави Ројтерс.
Трамп нагласи дека разговара со Кина за социјалната мрежа TikTok, која е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, бидејќи САД се обидуваат да посредуваат во продажбата на популарната апликација.
Агенцијата вели дека разговорот Си-Трамп се смета за клучен за потенцијално олеснување или одложување на спроведувањето на тарифите меѓу САД и Кина.
Си последен пат ги посети САД во ноември 2023 година, негова петта посета на земјата, кога се сретна со тогашниот американски претседател Џозеф Бајден.
Трамп минатата недела рече дека разговарал со Си откако ја презеде функцијата, но не даде детали.