Трамп незадоволен од Нетанјаху, но му дава на Израел одврзани раце во Газа

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази незадоволство од постапките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но сепак му остава простор за независно дејствување во Појасот Газа, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на извори запознаени со настаните.

Според весникот, Трамп во разговор со своите најблиски соработници рекол дека израелскиот премиер повеќе верува во употребата на воена сила за да се принуди Хамас да капитулира, додека американскиот претседател претпочита дипломатски пат и преговори за прекин на огнот.

Незадоволството кулминираше минатата недела откако Израел изврши напад во Катар врз претставници на Хамас вклучени во мировните преговори, поткопувајќи го кревкиот процес на медијација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во нападите во Газа вчера загинаа 99 лица

Според извештаите, Трамп во внатрешни разговори со високи функционери, вклучувајќи го и државниот секретар Марко Рубио, разговарал како да одговори на потезите, кои ги окарактеризирал како „дрски“.

Од друга страна, официјален Тел Авив ги отфрла обвинувањата за затегнати односи. Висок израелски функционер рече дека извештаите за тензии се „лажни вести“ и дека интересите на САД и Израел се длабоко испреплетени.

Во меѓувреме, израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, предизвика дополнителни контроверзии велејќи дека е во преговори со Вашингтон за поделба на Појасот Газа, кој го нарече „рудник на злато за недвижнини“.

Тој додаде дека Израел и САД треба да се договорат за процентната распределба на територијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во нападите во Газа вчера загинаа 99 лица