Трамп: Нетанјаху ја изневери Америка

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше израелскиот премиер, велејќи дека Бенјамин Нетанјаху не бил подготвен за напад на палестинската милитантна група Хамас.

Loading...

„Тој не беше подготвен. Израел не беше подготвен. А под Трамп, тие дури и не би морале да бидат подготвени“, изјави Трамп за Фокс њуз, пренесува Ројтерс.

Обраќајќи им се на приврзаниците на митинг во Флорида, поранешниот американски претседател рече дека „во текот на минатата недела некои работи тргнаа наопаку“.

„Тие мора да го сфатат како што треба, бидејќи се борат со потенцијално голема сила. Тие потенцијално се борат против Иран. Тие не можат да играат, мора да станат посилни“, рече Трамп.

Тој додаде дека членовите на Хамас се „злобни“ и дека светот никогаш не видел такви сцени.

„Кога имате луѓе во Израел кои зборуваат погрешни работи, овие луѓе го следат тоа затоа што се зли и паметни“, рече Трамп.

Тој потсети дека во 2020 година САД го убиле командантот на елитните ирански сили Кудс, генерал Касем Сулејмани, а според него, Нетанјаху одбил да им пружи помош на Американците.

„Никогаш нема да заборавам дека Биби Нетанјаху не изневери. Тоа беше страшна работа. Бевме многу разочарани, но на крајот тоа го направивме самите со апсолутна прецизност. Подоцна, Биби се обиде да ја преземе заслугата за тоа“, рече Трамп.

Loading...

На неговите коментари одговори гувернерот на Флорида и претседателски кандидат Рон Десантис.

„Апсурдно е секој, а уште помалку некој што се кандидира за претседател, сега да го напаѓа нашиот пријател и сојузник“, напиша Десантис на социјалните мрежи, пренесува Танјуг.