Трамп: Не сум вршел притисок врз Зеленски

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не извршил притисок врз претседателот на Украина да покрене истрага за неговиот можен ривал на претстојните претседателски избори во САД, Џозеф Бајден.

Loading...

Трамп го изјави ова на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на 74-тата годишна седница на Генералното собрание на ООН, според „Асошиејтед Прес“, еден ден откако Демократската партија на САД, чијшто Бајден е можен претседателски кандидат, започна процес за отповикување на американскиот претседател.

Откако дознале дека Трамп го замолил Зеленски да отвори истрага за Бајден и неговиот син Хантер во телефонски разговор на 25 јули, демократите започнаа формална истрага за повлекување на американскиот претседател, тврдејќи дека ги злоупотребил своите овластувања барајќи помош од странската влада за да се извалка политички ривал, а со тоа ги зголеми неговите шанси на изборите во ноември 2020 година.

На прашањето за тој телефонски разговор со Трамп, Зеленски изјави денеска дека станува збор за „добар и нормален разговор“ за време на кој разговарале за „многу работи“ со американскиот претседател.

„Никој не ми изврши притисок“, додаде Зеленски.

Белата куќа претходно објави телефонскиот препис од 25 јули, во кој се гледа дека американскиот претседател повеќе пати побарал од Зеленски да соработува со американскиот секретар за правда Вилијам Бар и адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, да го испита Бајден, потпретседателот на САД од 2009 до 2017 година, за време на администрацијата на Барак Обама.

Резимето покажува дека Трамп го замолил Зеленски да истражи дали Џо Бајден, како потпретседател на САД, ја прекинал истрагата на украинскиот обвинител за компанијата за која работел неговиот син Хантер, пренесува АП.

„Многу се зборува за  синот на Бајден, дека Бајден ја запрел истрагата и многу луѓе сакаат да знаат. Што и да можеш да направиш со (американскиот) секретар за правда, тоа ќе биде одлично“, рекол Трамп според резимето на преписот.

Loading...

Трамп и неговите сојузници го обвинуваат Бајден дека ја користел својата функција за потпретседател и главен службеник за комуникации со Киев во 2016 година за да и помогне на украинската енергетска компанија „Буризам“, која платила за синот на Бајден Хантер како член на нејзиниот одбор, избегнувајќи кривични истраги.

Во телефонскиот разговор со Зеленски, Трамп се осврнал и на украинската економија.

„Предвидувам дека вашата економија ќе стане се подобра и подобра. Украина е одлична земја“, рекол американскиот претседател.

Во деновите пред телефонскиот повик со Зеленски, Трамп нареди замрзнување на воената помош од 400 милиони американски долари за Украина, предизвикувајќи шпекулации дека тој сакал да ги користи парите како средство за притисок за да се започне истрага за Бајден.

Leave a Reply