Доналд Трамп рече дека не е уверен дека договорот за прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа ќе се почитува во сите три фази.
Трамп рече дека палестинската милитантна група Хамас нема да може да управува со Појасот Газа по војната, бидејќи „тие не владееја многу добро“ и „повеќето од нив се мртви“.
Трамп ова го изјави додека потпишуваше извршни наредби во Белата куќа на првиот ден од неговиот втор претседателски мандат, пренесе Ројтерс.
Тој истакна дека Газа се наоѓа на „феноменална локација“ покрај Средоземното Море со „најдобра клима“.
На прашањето дали ќе помогне во обновата на Појасот Газа, Трамп рече дека може.
Тој го повтори своето верување дека Хамас немаше да изврши напад врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, доколку тој беше претседател на САД.
Прекинот на огнот во Појасот Газа стапи на сила во неделата и е предвидено да се спроведува во три фази.