Трамп: Не сум баш сигурен дека Израел сака мир со Палестинците

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека не е баш сигурен дека Израел е заинтересиран за постигнување мир со Палестинците, предупредувајќи дека еврејските населби на Западниот брег многу „го комплицираат“ помирувањето.

Тој ова го изјавил во денешното интервју за израелскиот магазин „Израел Хајом“, чиј сопсвеник е американскиот милијардер Шелдон Аделсон, поддржувач на Трамп кој исто така пружа силна поддршка кон Израел.

Трамп во тоа интервју истакнал дека Палестинците не размислуваат за помирување, но ја доведе во прашање и заинтересираноста на Израел за договорот, пренесува АП.

– Едноставно ќе видиме што ќе се случи, рекол тој.

Трамп предупредил дека израелсното населување секогаш го комплицирало помирувањето па, како што истакнал, Израел мора да биде многу внимателен кога се раоти на населувањето.

Коментарот на Трамп за Изрел е ретка критика кон та земја од страна на претседателот кој доведе до влошување на односите со Палестинците откако го призна Ерусалим за престолнина на Израел, заклучува американската агенција.

Leave a Reply