Трамп: Наскоро следува моето најважно соопштение досега

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата објави дека планира да ја врати контроверзната политика од неговиот прв мандат, која би ги намалила трошоците за лекови со тоа што плаќањата за одредени лекови ќе се базираат на најниските цени во светот.

Loading...

Станува збор за таканаречената политика „Најповластена нација“, која администрацијата на Трамп се обиде да ја воведе кон крајот на 2020 година, но беше блокирана од федералните судови, а потоа беше укината од претседателот Џо Бајден во 2021 година, пишува „Јутарњи лист“.

Планот се однесуваше на лековите што пациентите ги добиваат во лекарската ординација, како дел од државната здравствена програма Медикер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Катар сакаат да му дадат подарок на Трамп вреден најмалку 400 милиони долари

Трамп објави на својата мрежа Truth Social дека денес ќе потпише извршна наредба која, како што тврди, „речиси веднаш“ треба да ги намали цените на лековите помеѓу 30 и 80 проценти.

„Ќе потпишам една од најважните извршни наредби во историјата на Соединетите Американски Држави. Цените на лековите што се издаваат на рецепт ќе бидат намалени затоа што воведувам правило според кое Америка ќе плаќа иста цена како и земјата што плаќа најмалку во светот“, рече Трамп.

Се воведуваат царини за фармацевтски производи?

Покрај таа регулатива, администрацијата на Трамп размислува и за воведување царини за увоз на фармацевтски производи – кои досега беа ослободени од царински давачки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Њујорк тајмс“: Европа сака, но не може да ѝ помогне на Украина

Ваквата мерка би можела дополнително да го комплицира веќе чувствителниот пазар на лекови, да предизвика недостиг, особено на генерички лекови, и на крајот да доведе до повисоки цени, тврди CNN.

Loading...

Доколку новата регулатива е слична на онаа од 2020 година, таа би можела да доведе до заштеди за државата и корисниците на Медикер, но експертите предупредуваат дека таа би можела да ја намали достапноста на одредени лекови за пациентите – во зависност од тоа како ќе се спроведе.

Намалувањето на цените на лековите беше едно од главните ветувања на првата администрација на Трамп.

Минатата година, од неговата кампања за „Политико“ изјавија дека се оддалечил од моделот на „најповластена нација“, на кој се спротивставува голем дел од Републиканската партија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анкета: Луѓето имаат полошо мислење за САД отколку за Кина

Но, идејата неодамна беше повторно ставена на маса како можна алатка за постигнување големи буџетски заштеди како дел од републиканскиот план за намалување на даноците и трошоците.

Фармацевтската индустрија речиси сигурно ќе пружи силен отпор, исто како што направи во 2020 година кога ја блокираше првата верзија на правилото.